Дома Фудбал Репрезентации Од Сенегал потврдиле: Мане патува во Катар!

Од Сенегал потврдиле: Мане патува во Катар!

Најдобриот сенегалски фудбалер Садио Мане ќе се најде на списокот на селекторот на оваа репрезентација, пренесува „Франс Прес“.

На оваа француска агенција од тамошната федерација и одговориле дека меѓу патниците за Катар ќе биде и Садио Мане.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Едно е сигурно, Садио Мане ќе биде на списокот“, бил одговорот кој го добиле новинарите.

Но, прашање е дали Мане ќе може да ги одигра првите натпревари на Светското првенство или воопшто групната фаза. Сепак, Сенегалецот заедно со лекарскиот тим сигурно ќе сторат се за што поскоро да најдобриот фудбалер на Сенегал да биде спремен.

Најдобриот африкански фудбалер се повреди пред неколку дена на првенствен натпревар против Вердер и првичните информации беа дека ќе го пропушти Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …