Реал Мадрид не блеска оваа сезона и лошите настапи доведоа до голем број шпекулации за отказ на тренерот на Јулијен Лопетеги.
Сепак, победата во Лигата на шампионите против Викторија Плзен (2:1), малку ги смири страстите, но сега пред „кралевите“ е најтешкиот предизвик во првенството – „Ел Класико“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До тој натпревар Лопетеги сигурно нема да добие отказ и ќе го води Реал против Барселона, тоа го потврди директорот на клубот Емилио Бутрагењо.
„Лопетеги ќе седи на клупата во „Ел Класико“. Во вакви ситуации најважно е да се остане смирен и да им се верува на играчите. Неделниот натпревар е голем мотив за нас“, изјави Бутрагење, а потоа ги прокоментира и шпекулациите.
„Се е тоа нормално. Ова е фудбал, ги слушнавме тие приказни, но не посветуваме внимание. Имаме голема самодоверба дека ќе одиграме добар натпревар против Барселона“, порача директорот на „кралевите“.
https://www.youtube.com/watch?v=aSnyNyepH3o