Дома Трансфер зона Од размената Пјаниќ-Артур немало да има ништо ако не реагирал Дани Алвес

Од размената Пјаниќ-Артур немало да има ништо ако не реагирал Дани Алвес

Шпанските медиуми денес објавија дека Барселона и Јувентус конечно се договориле за размената Артур Мело – Миралем Пјаниќ.

„Мундо Депортиво“ објави дека клубовите преговарале неколку недели, а сега конечно има договор помеѓу сите страни. Главниот проблем го правеше Артур кој одбиваше да ја напушти Барселона, меѓутоа на крајот Бразилецот се согласил. Од друга страна Пјаниќ од почетокот е расположен за преминување во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот шпански новинар Жерард Ромеро денес соопшти дека поранешниот играч на Барселона и Јувентус Дани Алвес одиграл своја улога во целата работа.

Тој тврди дека Алвес имал неколку разговори со Артур и го убедил дека со трансферот во Јувентус ќе направи вистински потег. Токму после тој разговор Артур го сменил мислењето, но не е јасно дали Барселона или Јувентус му дале задача на Алвес да разговара со неговиот сонародник.

Алвес осум годни помина во дресот на Барселона, а потоа една сезона одигра и во Јувентус. На кој начин тој го убедил Артур дека Јувентус ќе му одговара не е познато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …