Дома Фудбал Од лето во тмурност и сивилно: И небото плаче по ваквата судбина…

Од лето во тмурност и сивилно: И небото плаче по ваквата судбина…

Играчите на репрезентацијата на Аргентина полека се подготвуваат за враќање дома.

Никој не сакаше да биде крај, но крајот сепак дојде. Франција беше пресилна и со 4:3 славеше во осминафиналето, па „Гаучосите“ мораат веќе денес да ја напуштат Русија, иако некои и утре летаат според новиот план.

И додека Аргентинците се пакуваат и полека пристигнуваат, небото е сиво, дождот не престанува… Токму слика и прилика на комплетната ситуација во Аргентина по поразот од Триколорите.

Анхел Ди Марија, Серхио Агуеро, Кристијан Ансалди, Федерико Фазио, Евер Банега, Маркос Рогхо, Габриел Меркадо и Едуардо Салвио веќе заминаа, а набрзо тоа ќе го сторат и Меси и Игуаин.

Остатокот на тимот заедно со техничкиот персонал со чартер лет ќе тргнат в понеделник за Буенос Аирес.

Изминатите денови беа високи температурите и вистинско лето среде Русија, но денес е сиво и тмурно. Климата е во комбинација со аргентинската судбина, тмурна и сива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…