Дома Македонски спорт Мак фудбал Од Вардар си замина и најдобриот: Црвено-црните се збогуваа со Аврамовски ?

Од Вардар си замина и најдобриот: Црвено-црните се збогуваа со Аврамовски ?

Oна што беше јасно од пред некое време денес доби само официјална потврда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вардар денес и официјално се збогуваше со својот најдобар фудбалер за минатата сезона Даниел Авромовски. Аврамовски беше најдобар стрелец во првата лига со 10 гола и лидер на црвно-црните до прекинот на првенството поради корона-кризата.

Иако имаше договор со црвено-црните тој си заминува поради финансиската криза која го зафати најтрофејниот македонски клуб.

“Оваа сезона беше последна во дресот на Вардар и за Даниел Аврамовски, кој дојде во Вардар во зимскиот преоден рок 2019 година од екипата на Олимпија.
Во „црвено-црниот“ дрес одигра вкупно 41 натпревар со постигнати 12 голови.

Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интегрален дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера.

Благодариме Цујо!“, стои во објавата на Вардар на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …