Шпанските медиуми денес објавија дека Ла Лига и Реал Мадрид побарале од Барселона да го промени домаќинството за „Ел Класико“.
Имено, според распоредот на шпанското првенство првото „Ел Класико“ сезонава се игра на 26-ти октомври во 13:00 часот на „Камп Ноу“, но од Ла Лига објавија дека сакаат да го променат домаќинството и тој натпрвеар да се одигра на „Бернабеу“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа „Мундо Депортиво“ пренесува дека од Барселона јасно порачаа дека одбиваат можност да се промени домаќинството. Од Реал се отворени за сите опции, а исто така порачаа дека се спрмени да се промени датумот на одигрување на натпреварот.
Сепак, челниците на Ла Лига можат да се надеваат дека ситуацијата на улиците во Барселона ќе се смири во нардните денови и ќе има услови да се одигра еден од најголемите натпревари во светот.
Доколку тоа не се случи јасно е дека во Барселона нема да се согласат на промена на домаќинството и како единствено решение останува натпреварот да се одложи.