Барселона на чело со својот претседател Хозе Марија Бартомеу достави интересни предлози до фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Каталонците сметаат дека форматот на шпанскиот куп и Суперкупот на Шпанија би можеле да бидат променети.
Од Барселона сакаат шпанскиот куп да го играат по примерот на Англичаните и Италијанците. Од Италијанците би го позајмиле правилото најдобрите клубови во купот да се вклучуваат во самата завршница, а од Англичаните правилото домаќинството да се одлучува со ждрепка.
Шпанскиот Суперкуп традицијално се игра во два натпревари, а Барселона смета дека идеално е да се игра еден натпревар на неутрален терен, како во Англија. Каталонците ја поддржуваат и идејата Суперкупт да се игра надвор од Шпанија.
Во Каталонија сметаат дека ваквите промени би придонеле најдобрите шпански клубови поодморни да влегуваат во завршницата од сезоната.