Дома Фудбал Германија Од Баерн порачуваат: Директорот на ПСЖ е брука за тој клуб!

Од Баерн порачуваат: Директорот на ПСЖ е брука за тој клуб!

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес упати жестоки критики на сметка на спортскиот директор на ПСЖ, Аутеро Енрике, поради средставата со кои се служел да го убеди Боатенг да потпише за нивниот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Клуб како ПСЖ не може себе да си дозволи да има таков директор, ако сака да биде еден од најдобрите клубови во светот“, изјави Хенес и откри детали.

„Ние баравме 50 милиони евра отштета, бидејќи не сакавме да го продадеме Боатенг и знаевме дека ПСЖ нема да се согласи да плати толку. Со тоа одговивме на желбата на нашиот тренер да го задржиме играчот. Но, Енрике потоа ги премина границите на пристојност и се обиде против правилата на ФИФА да дојде до посакуваниот играч“.

За крај првиот човек на гигантот од Минхен имаше совет за сопствениците на ПСЖ.

„Го советувам ПСЖ да го променат спортскиот директор. Тој е лоша реклама за тој клуб“, заклучи Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мбапе сѐ уште е далеку пред Јамал, смета легендата Џорџ Веа

Освојувачот на „Златната топка“ за 1995 година, Џорџ Веа, е на мислење дека ѕвездата на фр…