Ждребот за осминафиналето како и до сега ни донесе навистина интересени дуели и една мега пресметка помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ, некои беа задоволни, некои не, а еве што смета Хасан Салихамиџиќ, Баерн за противник го доби турски Бешикташ.
Баерн Минхен во нокаут фазата ќе игра против Бешикташ, а со оглед на тоа дека Баерн не беше носител, по нив ждребката можеше да помине многу полошо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знаеме колку е силен Бешикташ, ги следевме нивните натпревари против Лајпциг. Добивме тежок ривал, но се радуваме на интересните натпревари и одличната атмосфера. Ние сме исто така силни, ќе дадаеме се од себе, да направиме чекор напред“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.