Дома Фудбал Англија Одржан состанок, Кристијан Ериксен пристигнува во Мадрид!?

Одржан состанок, Кристијан Ериксен пристигнува во Мадрид!?

Уште само еден ден остана до крајот на преодниот рок во Англија, а многу играчи веќе ја променија средината.

Тоа во последен момент би можел да го направи и Кристијан Ериксен со оглед на тоа дека британските медиуми пишуваат дека Тотенхем одржал состанок со представници на Атлетико Мадрид, а темата била трансфер на Данецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед не е повеќе заинтересиран за играчот на Тотенхем откако лондонскиот клуб ја одреди цената од 87 милиони евра за играчот од средниот ред.

Последните неколку месеци Реал Мадрид беше заинтересиран за данскиот фудбалер, но Тотенхем побара 150 милиони евра па клубот од Бернабеу на крајот се откажа.

Тотенхем подоцна го понуди Ериксен за драстично пониска цена, но Кралевите повеќе не беа заинтересирани.

Сега се наведува дека Атлетико покажал интерес за играчот на Тотенхем и дека тоа му е план Б откако стана јасно дека е малку веројатно Џејмс Родригез да пристигне од Реал во редовите на градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го враќа Верати во Европа

Приоритет на Каталонците во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за …