Како и што беше најавено денес во Торино се одржа состанокот помеѓу агентот на Дибала и Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На состанокот како што објавуваат италијанские новинари не се зборувало за конкретни бројки, но двете страни изразиле желба за продолжување на соработката.
Директорот на Јувентус, Черубини го убедувал агентот на Дибала дека Аргентинецот кај Алегри ќе биде еден од најважните играчи и тоа секако се допаднало на дрругата страна.
За наредната недела договорен е нов состанок на кој ќе би требало конкретно да се зборува за бројки и условите кои Дибала би ги поставил за да ја продолжи соработката.