Дома Топ вести Одреден буџетот – ова се трансфер целите на Интер!

Одреден буџетот – ова се трансфер целите на Интер!

Интер следната сезона ќе биде предводен од Лучијано Спалети, па тимот на „нероаѕурите“ ова лето ќе подлежи на реконструкција и значително ќе биде засилен.

Сопствениците на миланскиот гигант, компанијата „Сунинг“ веќе го одреди трансфер буџетот за ова лето, а тој ќе изнесува 110 милиони евра. Меѓутоа, со продажба на одредени играчи таа сума може да достигне и до 200 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Продажбата на Иван Перишиќ ќе донесе најмногу пари во касата, но клубот сигурно ќе го напуштат и Јоветиќ, Раконија, Брозовиќ и Муриљо.

„Нероаѕурите“ имаат најмногу потреба од засилувања на средината на теренот и во одбраната. Медиумите пренесуваат дека главни мети за засилување на средниот ред се Толисо, Нзонзи и Наинголан.

Што се однесува до одбраната, главна мета е Антонио Рудигер од Рома за кого „нероаѕурите“ се спремни да платат 40 милиони евра, но и левиот бек на Ница, Долберт.

Притоа Спалети сака да донесе уште еден напаѓач кој ќе биде алтернатива на Мауро Икарди, но тоа сигурно нема да биде Патрик Шик кој ќе заврши во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…