Во 20. коло од ПМФЛ најинтересниот натѕпревар ќе го играат Шкендија и Вардар.
И покрај ситуацијата во која е Вардар дуелите со Шкендија секогаш ќе бидат дерби, па затоа овој меч ќе го суди нашиот најдобар судија Александар Ставрев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во сабота единствениот натпревар ќе го играат Работнички и Силекс, а на овој дуел ќе дели правда Грујоски.
Ренова ќе гостува во Битола кај Пелистер, таму ќе „свири“ Иванов, додека на центарот во Струмица каде што Беласица ќе биде домаќи на Струга Трим Љум главен ќе биде Трпчевски.
Натпреварот помеѓу Шкупи и Академија Пандев му припадна на Качевски и во Ѓорче помеѓу Македонија и Борец ќе суди Стојчевски.