Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев одново ќе суди во Лигата на Европа.
УЕФА овој пат одлучи Ставрев да дели правда на натпреварот во Будимпешта каде што Френцварош ќе игра против ЦСКА Москва на 7-ми ноември од 21:00 часот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ставрев ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, Димитар Мечкаровски ќе биде во улога на четврти судија.
Сезонава Ставрев судеше на два натпревари во квалификациите како и на натпреварот помеѓу Динамо Киев и Малме во главната фаза.