Oвој Мундијал веројатно е последна шанса за Лионел Меси да стигне до титулата шампион на светот со „Гаучосите“.
Аргентина во Русија ќе игра во група со Хрватска, Нигерија и Исланд, а веќе со месеци се шпекулира за тимот на Сампаоли.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште пред да биде соопштен конечниот список од 23 играчи имаше многу дилеми кој ќе биде повикан, а кој не, на што наводно огромно влијание има Меси.
На крајот во селекцијата се врати Гонзало Игуаин, тука е и Дибала, иако Меси истакнуваше дека тој и ѕвездата на Јувентус, не се компатибилни на теренот.
Меѓутоа, таа негова изјава веројатно ќе пресуди за тоа кој ќе добие шанса во првиот тим. Според гласините во овој момент тандемот напаѓачи на Јувентус натпреварите ќе ги започнува од клупата за резерви.
Првиот натпревар „Гаучосите“ го играат против Исланд на 16 јуни и се очекува да излезат во следниот состав:
Кабаљеро – Салвио, Отаменди, Рохо, Таљафико – Маскерано, Меса, Биља, – Меси, Ди Марија, Агуеро.