Oд кошаркарската федерација предмалку соопштија дека се одложува четвртото коло во македонската прва лига.
Четвртото коло така место на 11.11 ќе се игра три дена подоцна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ве известуваме дека 4. коло од Првата лига-мажи, закажано за 11.11.2020 година СЕ ОДЛОЖУВА поради настап на екипите на КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, настап на екипите на КК Куманово 2009 и КК ТФТ во БИБЛ лигата и излегувањето од изолацијата на екипите на КК Вардар и КК Пелистер на кој им е потребен одреден временски период за подготовка за следните натпревари.
Колото број 4 се презакажува за 14.11.2020 година, а останатите првенствени кола од Првата лига-мажи се поместуваат“, стои во соопштението.