Дома Македонски спорт Мак фудбал Одложени натпреварите од Првата и Втората МФЛ

Одложени натпреварите од Првата и Втората МФЛ

Новите мерки и протоколи за спортски настани од Комисијата за заразни болести направи голем проблем за и во македонскиот спорт.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поради тоа Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека е одложено 11-то коло во Првата лига, односно 10-то коло во двете Втори лиги.

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“, соопштија од ФФМ.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…