Дома Трансфер зона Одлично купуваа, сега продаваат – Милан ја одреди цената за Бака!

Одлично купуваа, сега продаваат – Милан ја одреди цената за Бака!

„Росонерите“ оваа лето беа најактивниот тим на трансфер пазарот, но сега би можеле и добро да профитираат од само една продажба.

Ова лето седум засилувања пристигнаа на „Сан Сиро“. Од друга страна шест фудбалери го напуштија клубот, но Милан од нив заработи нешто помалку од осум милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заминаа Андреа Бјанчимано, Лука Видо, Матео Песина, Андреа Поли, Диего Лопез и Јурај Куцка. Најмногу заработија од Словакот кој направи трансфер во Трабзон. Сепак, сега „росонерите“ имаат шанса добро да заработат од напаѓачот кој го означија како вишок, Карлос Бака.

Изгледа дека за овој фудбалер сериозен интерес покажа Олимпик Марсеј кој има намера наредната сезона да се врати во врвот на францускиот фудбал. На „Велодром“ пристигнаа Валер Жермен (Монако) и Луис Густаво (Волфсбург), а откупени беа договорите на Клинтон Н’Жије (Тотенхем) и Флоријан Тован (Њукасл).

Милан за услугите на Бака бара 25 милиони евра, а ќе видиме дали Марсеј е спремен да ја плати оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…