Majк Мањан одлично ја започна сезоната во Милан откако пристигна од Лил, но потоа се повреди и мораше да оди на операција.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Предвидувањата за негово враќање на терените беа 10 до 12 недели, односно нешто повеќе од два месеци. Сепак, најавите од Милано се позитивни и според информациите Французинот започнал да тренира нормално и на теренот ќе се врати четири недели порано од предвиденото.




Докторите во Милан наводно биле импресионирани од процесот на закрепнувањето на Мањан. Како што сега стојат работите Мањан на голот на „росонерите“ би можел да застане за една или две недели.