Дома Фудбал Лига на шампиони Одлични вести за Мурињо пред натпреварот против Севиља

Одлични вести за Мурињо пред натпреварот против Севиља

Португалецот добива одлични вести пред натпреварот против Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера пишувавме дека Жозе Мурињо има големи проблеми со повредените фудбалери, а веќе денес од Англија пристигнуваат нови, овој пат добри вести за фановите на англискиот клуб.

Манчестер Јунајтед утре и гостува на Севиља во првиот натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо на денешниот тренинг доби две „нови“ имиња.

Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ тренираа со екипата. Французинот би требало да се најде во составот, додека кога е Швеѓанецот во прашање тој веројатно натпреварот ќе го започне од клупата за резерви.

Надвор од тимот и понатаму се Рохо, Џонс и Фелаини за нив е тешко да се верува дека може да се најдат помеѓу 18 играчи за оваа средба.

Натпреварот помеѓу Севиља и Манчестер Јунајтед се игра во среда со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…