Дома Фудбал Одлични вести за Леванте: Барди многу брзо се враќа на терените!

Одлични вести за Леванте: Барди многу брзо се враќа на терените!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одржа првиот тренинг со тимот по долго време, откако паузираше повеќе од два месеци поради повредата на грбот.

Шпанските медиуми објавија дека Барди ќе го пропушти мечот против Вилјареал, но најверојатно ќе биде подготвен да игра против Еибар на 10 јануари.

Барди до повредата играше одлично за шпанскиот тим и ги воодушеви сите со неговите настапи, па шпанските медиуми често пишуваа за него, а во последно време почнаа и шпекулациите дека наскоро Македонецот би можел да се пресели во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аќимовиќ за најтешките денови: Зад десетката на Звезда стои болно детство

Во документарецот на Црвена звезда, Јован Куле Аќимовиќ зборува за загубата на мајка си на…