Еден од најважните фудбалери на Барселона на теренот се враќа побрзо од очекуваното.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Играчот од средниот ред на Каталонците, Серхио Бускетс ќе биде спремен за натпреварот против Рома во Лигата на шампионите.
Каталонските медиуми, денес објавија дека Бускетс се опоравува побрзо од очекуваното и дека неговиот настап против Рома не е доведен во прашање.
Според првите најави се очекуваше Бускетс да паузира до првата недела на април и да го прескокне првиот натпревар против Италијанците, но сепак тој ќе биде спремен веднаш по репрезентативната пауза.
Не е исклучена можноста Бускетс да биде спремен и за натпреварот против Севиља на 30 март.
Иначе, на листата повредени покрај Бускетс е само уште Нелсон Семедо кој би требало да се врати кон почетокот на април.