Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе денес ја извозе најдобрата овосезонска трка во ТЦР шампионатот на Италија и се избори за место на подиумот.
Легендарната Имола е омилена патека на Иџе, а тоа го докажа и денес. Скоро секогаш кога и да се појави на оваа патека Иџе стигнува до подиумот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На денешната трка Иџе заостануваше само 0.8 секунди зад победникот и заврши како второпласиран. Победник на трката беше домашниот возач Чекон, зад Иџе на третота позиција заврши русинот Леонов.