Одличната серија на Ливерпул беше продолжена со вчерашната победа против Пари Сен Жермен (3:2).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот на Ливерпул вчера го совлада ПСЖ пред своите навивачи на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите.
Така тимот на Јирген Клоп е лидер после едно одиграно коло во групата Ц. „Црвените“ имаа два бода повеќе од Црвена Звезда и Наполи кои ремизираа во Белград (0:0).
За Ливерпул ова е најдобриот старт во историјата на клубот, а сега се појави и подаотк за серијата на „црвените“ во Европа која се уште трае.
Имено, Ливерпул не е поразен на последните 17 натпревари во Европа на свој терен. Избраниците на Клоп имаат учинок од 12 победи и пет нерешени средби, вклучувајќи ја и вчерашната победа.