Дома Трансфер зона Одигра само 4 минути за Јуве, па го продадоа 20 милиони

Одигра само 4 минути за Јуве, па го продадоа 20 милиони

Италијанскиот шампион Јувентус изминатите години покажа дека одлично тргнува на трансфер пазарот, особено кога се продажбите во прашање.

Потврда за тоа е и денешниот трансфер на 21-годишниот играч за врска Роландо Мандрагора, кој беше продаден во Удинезе за 20 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно е што Мандрагона има само еден настап за Јувентус во 2017 година и на теренот помина само 4 минути. Минатата сезона играше на позајмица во Кротоне, па дури и заработи повик за репрезентацијата.

Јувентус и Удинезе денес постигнаа договор за трансфер тежок 20 милиони евра, меѓутоа „старата дама“ ќе има можност да го врати фудбалерот до 2020 година за 26 милиони евра.

Притоа, доколку Удинезе во иднина го продаде фудбалерот за сума поголема од 20 милиони евра, Јувентус ќе има процент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …