Мартин Одегард има желба на лето да се пресели во Ливерпул, доколку „црвените“ се договорат со Реал Мадрид.
Во моментов Одегард игра на позајмица во Арсенал и се претставува на високо ново, па „топџиите“ сакаат да го задржат за постојано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, весникот „АС“ пренесува дека Норвежанецот е импресиониран од Јирген Клоп и преферира да се пресели во Ливерпул.
Одегард смета дека на „Енфилд“ ќе има многу поголеми шанси да се бори за трофеи, а сака да остане во Премиер лигата.
Во последно време се тврдеше дека „кралевите“ немаат намера да се откажат од Норвежанецот и Одегард сигурно ќе се врати на лето.
Меѓутоа, од „Сантиаго Бернабеу“ го промениле мислењето и сега се спремни да преговараат со клубовите кои ќе испратат понуда.