Дома Фудбал Одби да го продолжи договорот со Барселона, па доби разни расистички навреди 🎥

Одби да го продолжи договорот со Барселона, па доби разни расистички навреди 🎥

Илакс Мориба минатата сезона доби прилика во првиот тим на Барселона и таа знаеше како да ја искористи.

Овој 18 годишен играч за врска во вториот дел од сезоната доби прилика да дебитира и одигра солидно. Сепак, неговиот статус во клубот во последните недели се промени затоа што одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2022 година.

Мориба бара драстично зголемување на платата кое Барселона не сака да му го даде, па затоа беше префрлен во вториот тим на Каталонците.

Поради таквата ситуација тој доби разни навреди преку социјалните мрежи. Барселона сето тоа јавно го објави и порача дека се против таквото однесување на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта му се обрати на најдобриот во светот: Тебе те чекаат 105.000 гледачи на Камп Ноу, ти одлучи сам!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повторно зборуваше за Лионел Меси и откри дека к…