Дома Фудбал Италија Одбиено барањето на Јувентус да му се врати одземената титула во „Калчополи“

Одбиено барањето на Јувентус да му се врати одземената титула во „Калчополи“

Италијанскиот шампион Јувентус испрати жалба од италијанскиот комитет за одземената титула во Серија А во сезоната 2005/2006 поради скандалот „Калчополи“.

Таа титула му беше доделена на Интер кој таа сезона заврши како третопласиран. Поради познатиот скандал „Калчополи“ Јувентус тогаш беше исфрлен во Серија. Милан тогаш сезоната ја заврши на втората позиција, но и на „росонерите“ им беа одземени бодови, па титулата заврши во рацете на Интер.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од тогаш до денес во Јувентус категорично негираат дека имале врска со режирањето резултати. Во меѓувреме се појавија и телефонски снимки за кои во Јувентус тврдат дека се докази за влијанието на Интер над судиите.

Јувентус преку повеќе инситуции се обидуваше да ја врати таа титула од Интер бараа и огромна оштета.

„Старата дама“ се жалеше кај Олимпискиот комитет, но нивната жалба сега беше одбиена со образложение дека тој случај бил затворен пред осум години.

Ќе потсетиме дека поради скандалот „Калчополи“ на Јувентус му беа одземени две титули. Како што споменавме едната му беше доделена на Интер, додека другата остана без сопственик.

Навивачите на Јувентус, па и клубот во маркетиншките цели секогаш ги вбројува и тие две титули иако официјално тие не се бројат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…