Репрезентацијата на Англија се соочува со огромни проблеми пред четвртфиналниот дуел против селекцијата на Шведска.
Неколку фудбалери се жалат на повреда, а меѓу нив е дуото од Тотенхем, Деле Али – Хари Кејн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Скај Спорт тврди дека Али и натаму го мачи повредата на бутниот мускул поради која пропушти два натпревари во групната фаза, но многу поголем проблем е повредата на најдобриот стрелец на Мундијалот Хари Кејн.
Фантастичниот напаѓач има проблеми со грбот и двајцата фудбалери за сега се под знак прашалник за натпреварот против Шведска.
Исто така, Варди нема да биде спремен за натпреварот поради повреда, па селекторот Саутгејт мора да ги пушти во акција Маркус Рашфорд и Дани Велбек.
Натпреварот помеѓу Англија и Шведска се игра во сабота од 16 часот.