11. коло во Премиер лигата ни го донесе и големото дерби на Манчестер помеѓу Јунајтед и Сити на „Олд Трафорд“.
Манчестер Сити со оглед на актуелната форма на двата тима влезе како фаворит во овој дуел иако играше како гостин. На крајот фаворитската улога „граѓаните“ ја покажаа и на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рано, уште во седмата минута Сити дојде до водство откако по нафрлувањето од левата страна сопствената мрежа си ја погоди Ерик Баи. И после голот за водство Сити продолжи да создава прилики пред голот на домаќините, Де Геа забележа неколку одлични интервенции.
На спротивната страна Јунајтед скоро и да не создаде 100% шанса. Лошо изгледаше Јунајтед во одбраната, Сити многу лесно доаѓаше до опасни позиции. Таквата игра резултираше со втор гол пред крајот на првиот дел. Кансело уфрли во шеснаесетникот, а Шо и Мегваер беа само „гледачи“, топката дојде до Бернардо Силва кој ја смести во оваа прилика. Мора да се спомене и дека во оваа ситуација Де Геа мораше многу подобро.
Не се променија работите и во второто полувреме. Сити не дозволуваше прилики пред својот гол, а во нападот играше нешот поповлечено и ги задржа тие 0:2.