Барселона игра одлично оваа сезона, но сепак и понатаму овој клуб има огромна желба да го доведе Фелипе Кутињо.
Познато е дека Барселона се обидуваше да го доведе Кутињо во текот на целото лето, но Ливерпул не попушти, па Кутињо остана на „Енфилд“, а највисоката понуда која пристигна на адреса на „црвените“ изнесуваше дури 130 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак во Барселона не се сите воодушевени од тоа што овој клуб толку многу го посакува Кутињо. Имено, „Dairio Gol“ пренесува дека Андрес Иниеста и Иван Ракитиќ сметаат дека Бразилецот во овој момент не е потребен.
Наводно, овој двоец на Каталонците верува дека Серхио Роберто, Денис Суарез и Андре Гомеш се доволни за стабилен среден ред на Барселона во иднина.