Дома Фудбал Англија Овие бројки се доволен доказ за тоа колку Азар е важен за Челзи

Овие бројки се доволен доказ за тоа колку Азар е важен за Челзи

azar

Eкипата на Челзи денес на „Стенфорд Бриџ“ одигра 1:1 против Вулверхемптон.

Иако Челзи беше доминантен на теренот гостите ги шокираа домашните навивачи кога во 56-тата минута Хименез погоди за 1:0. Тимот на Маурицио Сари по кој знае кој пат беше спасен од Еден Азар кој во 92-та минута со одличен удар од далечина обезбеди бод за својот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со оглед на играта Челзи никако не може да биде задоволен од овој резлтат. Најдобриот играч на овој тим Еден Азар уште еднаш покажа колку е важен за Челзи, а статистиката тоа и го потврдува.

Азар учествувал во 24 гола во Премиер лигата оваа сезона, а ниту еден играч директно не учествувал во повеќе голови од Белгиецот.

Покрај тоа Челзи никогаш не изгубил натпревар на „Стенфорд Бриџ“ во Премиер лигата кога Азар постигнувал погодок. Овие бројки се доволни за да се сфати зошто Челзи со сите сили се обидува да го задржи својот најдобар играчи.

Азар веќе подолго време на големо се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид, Белгиецот не криеше и неколку пати јавно ја искажуваше својата желба еден ден да го облече белиот дрес.

Ако Азар заминува Челзи сигурно добро ќе заработи, но ќе им биде и тоа како тешко да пронајдат негова адекватна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри си најде алиби: Јавно „удри“ по тројца играчи на Јувентус!

Се поверојатно изгледа дека Масилијано Алегри наредната сезона нема да биде тренер на Јуве…