Поранешниот освојувач на Златната топка, англискиот напаѓач Мајкл Овен изјави дека верува оти постои можност легендарниот Португалец Кристијано Роналдо по завршувањето на кариерата да реши да стане фудбалски тренер и еден ден да седне на клупата од великаните за кои играше.
„Би бил фасциниран да видам што ќе прави Кристијано Роналдо кога ќе се пензионира. Само однадвор изгледа дека можеби сака да биде на теренот и да ја води Португалија како на ЕП 2016. Изгледа како тренер, изгледа како да сака да тренира, па можеби ќе сака да оди по тој пат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Работа во Португалија, веројатно ќе го имаме неговото име таму во иднина, никогаш не се знае. Секако, ако е добар, тогаш би го гледале во големите тимови како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид“, изјави Овен во интервју за ТВСпортен.