Дома Топ вести ОВА ЌЕ БИДЕ БОМБА: Меси сака Барса да ја доведе ѕвездата на Арсенал

ОВА ЌЕ БИДЕ БОМБА: Меси сака Барса да ја доведе ѕвездата на Арсенал

Шпанскиот весник „Don Balon“ смета дека аргентинската ѕвезда би била среќна за доаѓањето на Германецот во редовите на Барселона.

Озил сега влезе во последната година од својот договор во северниот дел на Лондон и се уште не сака да го продолжи. Изгледаше дека Озил ќе го напушти Арсенал минатото лето, но неговиот агент успеа да го задржи на „Емирати“. Извештаите велат дека разговорите со Каталонците се извршени и дека трансферот е многу веројатен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интересно е тоа што Меси е воодушевен од потенцијалното доаѓање на Озил поради неговото долгогодишно искуство во Лигата на Шампионите. Позната му е и Ла Лига. Озил помина три години во Реал Мадрид, пред да се пресели во Арсенал во 2013. година. Станко Кроконе изјави дека сака Озил да остане во клубот.

„Убаво е да се слушнат коментарите на Кроконе, тој е главниот акционер во Арсенал. Среќен сум овде и секогаш давам 100% од себе. Најважната работа е фудбалот. Сакам да дадам се од себе, сакам да дадам 100% за овој клуб“, изјави Озил за „Sky Sports“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…