Дома Фудбал Останато Ова се 7-те најголеми разочарувања оваа сезона!

Ова се 7-те најголеми разочарувања оваа сезона!

Многу фудбалери и клубови не ја започнаа добро новата сезона, а интернационалниот портал „Goal“ направи листа од седумте најголеми разочарувања.

Виктор Линделоф


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пристигна на „Олд Трафорд“ од Бенфика за 35 милиони евра, па многумина очекуваа дека ќе биде столб на одбраната на Јунајтед. Но, Швеѓанецот само еднаш беше во конкуренција за настап во Премиер лигата и моментално е трета опција кај Мурињо.

Единствена позитивна работа за Линделоф е дека сличен третман минатата година кај Мурињо имаше Михтарјан.

Баерн Минхен

Кога доминантен тим каков што е Баерн после само 6 кола ќе го отпушти тренерот, тогаш е јасно дека работите не одат по планот. Уште сега се 5 бода зад Борусија Дортмунд, а долго ќе се памети нивниот пораз од ПСЖ во ЛШ. Добро е што е само почеток на сезоната, па имаат време да ги поправат работите.

Франк де Бур

Не успеа во Интер, но многумина имаа големи очекувања кога пристигна во Кристал Палас. Меѓутоа само после 4 кола имаше 0 бода и 0 постигнати голови, па заработи отказ.

Милан

„Росонерите“ ова лето потрошја преку 200 милиони евра па многумина во нив гледаа како главен конкурент на Јувентус за Скудетото. Меѓутоа, после првите седум кола веќе запишаа 3 порази, па тренерот Монтела е под голем притисок.

Евертон

„Карамелите“ ова лето направија вистинска револуција, доведоа големи засилувања и го вратија Руни во тимот. Меѓутоа работите за Евертон почнаа многу лошо како во Премиер лигата, така во Лига Европа, па Куман се наоѓа пред отказ.

ВАР

Видеотехнологијата би требало да биде иднина на фудбалот, па од оваа сезона почна да се користи во Бундеслигата и Серија А. Меѓутоа за сега ВАР донесува многу повеќе прашања отколку одговори. Всушност донесе неред.

Лил

Лил ова лето на клупата го донесе Марсело Биелса, но само со една победа и 18-то место на табелата се најголемо разочарување во Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…