Управата на Барселона изгледа како да е се посигурна дека ќе го врати Лионел Меси во клубот.
Директорот Жоан Лапорта дури и даде потврден одговор на такво прашање од навивачите, тренерот Чави зборуваше дека е во контакт со Аргентинецот, а Меси се уште не го продолжил договорот во Париз. Сепак, Барселона не е единствената опција за Меси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Останување во Париз, романтично враќање во Барселона, преминување во Интер Мајами кај Дејвид Бекам или 400 милиони евра годишно да игра за Ал Хилал во Саудиска Арабија. Ова се четирите опции кои се пред Меси, а Аргентинецот треба да одлучи на крајот на актуелната сезона.
Секако, навивачите на Каталонците сонуваат да го видат Меси повторно во каталонскиот договор, можеби таква е и желбата на Меси, меѓутоа се уште тоа не го соопштил. Меѓутоа, Меси и кога заминуваше имаше желба да остане, но влијаат многу други фактори.
Засега не е јасно што Барселона може да му понуди на Меси бидејќи се уште во целост клубот не е излезен од финансиката криза која ја направи претходниот претседател, Бартомеу.