Дома Топ вести Ова се трите желби на Куман, навивачите незадоволни

Ова се трите желби на Куман, навивачите незадоволни

Роналд Куман го наследи Кике Сетиен на клупата на Барселона. Холандскиот стратег се очекува да направи голема реконструкција на тимот, а медиумите веќе шпекулираат со новите засилувања.

Медиумите тврдат дека првото засилување ќе биде сонародникот на Куман, Дони ван дер Бек. Играчот на Ајакс беше мета на Реал и Јунајтед, но се чини дека тој ќе заврши во Барселона за сума од околу 50 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Куман веќе го убедил својот сонародник да се пресели на „Камп Ноу“ и заедно со Де Јонг и Пјаниќ да го формираат новиот среден ред на Барселона.

Второто име на листата е Мемфис Депај, кој е на излезна врата од Лион и може да пристигне за „само“ 35 милиони евра. Куман одлично го познава својот сонародник и смета дека ќе биде големо засилување за нападот.

Последното име е дефанзивецот на „карамелите“, Михаел Кин, кого Куман го познава од времето кога работеше во Евертон.

Сепак, навивачите не се задоволни од ваквите засилување бидејќи очекуваат големи имиња на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…