На Барселона и одговара и 0:0, но Каталонците најавуваат офанзивна игра и ќе бараат победа, а тренерот Ернесто Валверде и натаму не е сигурен со кои единаесетммина да стартува на теренот.
Јасно, Алба, Умтити, Меси, Суарез, Ракитиќ, Бускетс, Тер Штеген, Пике, Џорди Алти и Роберто се сигурни, но најголемото прашање едали ќе заигра Андрес Иниеста.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Искусниот играч за врска закрепна, па не е исклучено да заигра, а засега постојат четири опции.
Во првата – Барселона игра во системот 4-4-2 со Иниеста, Паулињо, Ракитиќ и Бускетс во редот за врска, а во тој случај нема место за Осман Дембеле.
Втората опција е иста само што наместо Иниеста би заиграче Андре Гомес или Дембеле десно, лево Паулињо, а Ракитиќ и Бускетс во средината на теренот.
Третата опција: Иниеста и Дембеле во првите 11, Меси би бил малку подефанзивен бидејќи во тој случај Дембеле би му правел друштво на Луис Суарез.
И четвртата опција: Дембеле и Суарез во нападот, Меси позади, Ракитиќ и Паулињо во средината со Бускетс како заден играч за врска. Во таа опција го нема Иниеста.