Дома Фудбал Останато Ова се опциите: Познато кој град е фаворит за организирање на „Суперкласико“!

Ова се опциите: Познато кој град е фаворит за организирање на „Суперкласико“!

И понатаму владее неизвесност.

Стадионот на Ривер, „Мономентал“ многу веројатно ќе биде суспендиран, а постојат голем број понуди за одигрување на реванш натпреварот во финалето на Копа Либертадорес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Ривер го каменуваа автобусот на Бока во саботата, натпреварот после две поместувања за по еден час, беше закажан за неделата, но ниту тогаш не се одигра.

Денес КОНМЕБОЛ треба да донесе конечна одлука дали натпреварот ќе се игра на „Монументал“ или не, ќе се разговара и за тоа дали натпреварот ќе се игра пред празни трибини.

Ако се игра без гледачи, тогаш натпреварот би можел да се игра на „Хозе Амалфитани“, стадион кој е дом на Велез Сарсфилд.

Доколку се случи „Монументал“ да биде суспендиран, но да има публика главен фаворит е Асунион кој е главен град на Прагвај, во игра е и Мајами. Додека Џенова и Дубаи ОАЕ отпаднаа од конкуренција.

Извесно е дека финалето ќе се одигра во Асунсион, но да ја почекаме конечната одлука на КОНМЕБОЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…