Според италијанските медиуми, Масимилиано Алегри би требало да остане главен тренер и во иднина и покрај прилично неуспешната сезона оваа година и големиот гнев на навивачите против неговата дефанзивна тактика.
Масимилиано Алегри, по испаѓањето во Лигата на Шампионите, според многу медиуми веќе беше поранешен тренер на Јувентус, но, како што изгледа, ќе остане на клупата на клубот од Торино. Заедно со управата на клубот, се очекува да ја направи листата на засилувања кои сака да ги доведе во летниот трансфер период, така да Јуве ќе биде посилен во следната сезона и ќе биде во конкуренција во нова борба за освојување на Лигата на Шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од следната сезона, играчот за врска на Арсенал, Арон Ремзи ќе се пресели во Торино, кој ќе пристигне како слободен играч. Федерико Киезе од Фиорентина исто така е на листата на желби, но црно-белите мораат да испратат голема понуда за неговите услуги. Желба на Јувентус исто така е и Пол Погба, но враќањето на Французинот од Манчестер Јунајтед не е реално.
Многу интереска е ситуацијата со Паоло Дибала, кој никако не се вклопува во замислата на Алегри, барем од доаѓањето на Роналдо во клубот. Со тоа постои голема можност Аргентинецот да ја напушти екипата на Јувентус во летниот трансфер период. Како можна дестинација веќе долго време се споменува Баерн Минхен.