Дома Фудбал Ова не се памети: Еспањол продаде повеќе сезонски билети од Барселона

Ова не се памети: Еспањол продаде повеќе сезонски билети од Барселона

Oд 1901. до 1940. се играше шампионат на Каталонија, а Барселона беше најуспешна со 23 освоени титули. Сега работите во Каталонија работите накратко се променија.

Имено, Мао Је, генералниот директор на Еспањол со задоволство објави дека клубот продал 21.000 сезонски билети за новата сезона. Со оваа продажба Еспањол е во топ 10 шпански клубови во продажбата на сезонските билети.

Покрај помалиот клуб од Каталонија тука се уште: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад, Сарагоса, Валенсија, Севилја, Атлетик Билбао, Лас Палмас и Бетис.

Барселона е далеку од топ 10, меѓутоа треба да се каже и дека сезонава Барселона ќе игра на стадионот „Луис Компанис“ поради реновирање на „Ноу Камп“. Во ваква ситуација Барселона продаде 17.5 илјади билети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп воведе воена дисциплина во Германија: Забрани телефони, фризери и посети!

Јирген Клоп, по доаѓањето на позицијата селектор на Германија, воведе четири строги правил…