Сезоната на Њукасл на прв поглед не е неверојатна. Тимот на Рафа Бенитез ја држи 13-тата позиција во Премиер лигата и избори опстанок на три кола пред крајот.
Меѓутоа клубот од „Сент Џејмс Парк“ верувале или не игра идентична сезона. Пред нешто повеќе од еден месец овој тим исто така беше на 13-тата позиција со 35 бодови, девет победи, осум нерешени натпревари и 14 порази со гол-разлика 31:40.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Беше тоа идентична статистика како минатата сезона, а сега на три кола пред крајот Њукасл и понатаму го држи истиот ритам. И понатаму се 13-ти со 41 бод 11 победи, осум нерешени и 16 порази со гол-разлика 35-44 што е ист резултат како и пред една година во ова време.
Интересно е што црно-белите минатата сезона завршија на десетата позиција која сега им е одалечена седум бодови. Но, до крајот можат да освојат 44 исто колку што имаа и минатата сезона, а гол разликата им беше 39-47, што е и тоа како можно во последните три кола.
До крајот на сезоната Њукасл гостува кај Брајтон и Фулам, а пред своите навивачи игра против Ливерпул кој се бори со Сити за шампионската титула.
Put the lottery on Newcastle fans!
SNAP! ? pic.twitter.com/xM4U21JYKc
— BBC Sport (@BBCSport) April 22, 2019