Дома Фудбал Ова е рекорд: 26 заразени со Ковид-19 во еден клуб!

Ова е рекорд: 26 заразени со Ковид-19 во еден клуб!

Рекорд кој не е за гордеење постави фудбалскиот клуб Карпати од Лвов, имено дури 26 членови на овој клуб се заразени со коронавирус.

Според информациите кои ги објавија медиумите во Украина од тие 26, 11 се фудбалери, а 15 се од персоналот на клубот.

Бројката од 26 заразени во еден клуб изгледа застрашувачки, но таа би можела и да порасне во следните неколку денови.

Поради ова сосема очекувано Украинската фудбалска федерација го одложи натпреварот од 25 коло во кој Карпати требаше да игра против Мариупол.

Ќе повториме, досега во ниту еден друг клуб во светот не беше потврден волку голем број на заразени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчини повика 31 фудбалер: Нови лица во Италија за Франција и Белгија

Чисе, Лонтани и Касано се меѓу фудбалерите што чекаат деби за Италија. Палестра се враќа, …