Дома Фудбал Останато Ова е редок случај: Видал носи среќа или оди само во шампионски тимови?

Ова е редок случај: Видал носи среќа или оди само во шампионски тимови?

vidal

Чилеанецот Артуро Видал ги засили редовите на Барселона во летото минатата година.

Дојде овој искусен играч за врска на „Ноу Камп“ со цел да го освежо средниот ред на Каталонците, а веќе во првата сезона со овој тим ќе ја освои титулата.
Овој викенд Барса има шанси да ја искористи првата меч топка и да ја обезбеди новата титула, па Видал повторно ќе го подигне пехарот во една од најсилните лиги.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Видал е вистински шампион бидејќи ова ќе биде осми трофеј во низа. Покрај Барселона претходно освојуваше титули со Баерн во Бундес лигата и четири Скудета со Јувентус.

Ова е навистина редок случај во светот на фудбалот. Некои играчи на Јувентус успеаа да освојат осум титули во низа со оглед на доминацијата на „старата дама“ во Италија, но случајот на Видал е посебен затоа што го направи тоа со три различни клуба.

Наскоро се очекува и Видал да потпише нов договор со Барселона.

Кога Чилеанецот потпиша за Барселона многумина беа изненадени се прашуваа дали воопшто е потребен. Едно период добиваше и критики се шпекулираше дека ќе замине, но сега работите се променети и Видал стана еден од по стандардните играчи кај Валверде.

Видал денес е лидер во соблекувалната и соиграчите го обожаваат поради атмосферата која ја прави, но факт и дека со својот карактер е од голема помош кога е на теренот. Поради тоа со текот на времето стана и еден од милениците на Валверде и тоа доведува до – обновување на договорот.

Во својот договор кој важи до 2021 година Видал има опција да го продолжи на уште една сезона, а шпански „Спорт“ пишува дека Каталонците сакаат тоа да го искористат и да го наградат за начинот на кој се интегрираше во новата екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…