Дома Фудбал Останато Ова е премногу: Каменуван автомобилот на Ванда!

Ова е премногу: Каменуван автомобилот на Ванда!

icardi vanda

Го разбираме незадоволството на „Нероаѕурите“, но ова е премногу.

Интер и Мауро Икарди – изгледа дека нема враќање.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот клуб пред неколку дена му ја одзема капитенската лента на Аргентинецот и таа му ја предаде на Самир Хандановиќ. Поради тоа Икарди одби да биде во тимот на Интер за натпреварот од Лигата на Европа против Рапид.

Сега веќе поранешниот капитен на Интер ќе го пропушти и натпреварот против Сампдорија во Серија А. Во објаснувањето се наведува дека станувало збор за ситна повреда, меѓутоа во тоа никој не верува.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио во текстот за Икарди наведува дека според него Аргентинецот заминува сигурно.

После ситуацијата која се случила денес добиваме уште една најава дека Икарди ја минува последната сезона во дресот на Интер.

Имено, медиумите во Италија пренесуваат дека автомобилот со кој се возела сопругата на Икарди, Ванда Нара бил каменуван и тоа додека и децата на напаѓачот биле во автомобилот.

За среќа никој не е повреда, а после ова јасно е и кого навивачите сметаат за директен виновник за се што се случува со Икарди.

Ќе потсетиме неодамна и Фабио Капело во изјава за медиумите директно ја обвини Ванда и наведе дека таа изворот на сите проблеми.

„Во соблекувалната на еден тим во никој случај не смее да се дозволи сопругата на фудбалерот кој е капитен да зборува што ќе стигне во јавноста на штета на клубот. Џабе Икарди се поздравува со судијата на натпреварот кога очигледно капитенот на Интер е во неговиот дом“, изјави Капело за „Скај“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…