Дома Трансфер зона Ова е понудата од Милан за Ибрахимовиќ – се чека одговор на Златан

Ова е понудата од Милан за Ибрахимовиќ – се чека одговор на Златан

Приказната за нов клуб на Златан Ибрахимовиќ е далеку од конечен расплет. Од кога го напушти ЛА Галакси шведскиот напаѓач е во центарот на вниманието пред почетокот на јануарскиот преоден рок.

Со Ибрахимовиќ се поврзуваа повеќе клубови, меѓутоа засега изгледа дека најсериозен во намерата е Милан.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според она што се пишува Ибрахимовиќ бара месечни примања од еден милион евра и тоа е сума која Болоња и Наполи не можат да ја платат. Меѓутоа Милан влезе во преговори со Раиола. Звонимир Бобан на Раиола и Ибрахимовиќ им претставил понуда која би можела да им се допадне.

Милан наводно е спремен на Ибрахимовиќ да му исплати шест милиони евра за 18 месеци. Тоа е третина од она што Ибрахимовиќ го бара, но во градот на модата се оптимисти. Посебно затоа што Ибрахимовиќ после разговорот со Бобан им соопштил дека брзо ќе донесе одлука.

На Милан му е потребен играч како Златан. Освен што ќе добијат одличен голгетер, Ибрахимовиќ би бил вистински лидер во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…