Дома Кошарка Ова е новиот најдобар стрелец во Евролигата на сите времиња

Ова е новиот најдобар стрелец во Евролигата на сите времиња

Американскиот кошаркар Мајк Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на Евролигата.

Играчот на Монако го престигна легендарниот Грк Василис Спанулис, постигнувајќи 4457 поени во кариерата во Евролигата.

Џејмс го собори рекордот на натпреварот против Црвена Звезда, во кој Монако победи со 98:80. Американецот натпреварот го заврши со 20 поени.

Ова е негова десетта сезона во елитното натпреварување на европската кошарка, а постигна кош за бројни клубови – Басконија, Панатинаикос, Армани Милано, ЦСКА Москва и Монако. Џејмс има 33 години и може да се очекува дополнително да го зголеми својот рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Широки ја демантира приказната за Луис: Несоодветна шега заврши како вест

Клубот ги отфрли тврдењата дека кошаркарот бил пријавен во полиција бидејќи го помешале со…