Уште една идеална шанда за Црвена Звезда и повторно Игор Акинфејев.
Искусниот голман на ЦСКА повторно, овојпат со неверојатна интервенција, го спречи Дамијан Ле Талек да ги донесе црвено-белите во водство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се беше идеално во 49. минута, топката по неуспешната офсајд замка на гостите падна на ногата на Французинот на некои десеттина метри, а тој фудбалски, на прва целеше кон горниот агол на фудбалерите од Москва.
Сепак, голманот на ЦСКА пантерски се фрли и со спектакуларна пад по вторпат го спречи водството на белградскиот тим.
Инаку натпреварот заврши без погодоци.