Дома Фудбал Англија Ова го прави Манчестер Јунајтед посебен и најголем клуб на светот

Ова го прави Манчестер Јунајтед посебен и најголем клуб на светот

Излегувањето на навивачите во пресрет е една од работите на кои посебно се обрнува внимание на „Олд Трафорд“.

Англичаните за во Русија треба да добијат виза, таа ниту малку не е евтина, чини околу 118 фунти, па управата на Манчестер Јунајтед одлучи да им плати на своите навивачи кои ќе одлучат да одат во Москва да го бодрат својот клуб на натпреварот против ЦСКА во рамки на ЛШ.

Капацитетот на стадионот на кој ќе се одигра овој меч е околу 30 илјади места, гостите имаат право на 5% од влезниците, тоа значи дека навивачите на Јунајтед ќе бидат околу 1500, па управата ќе издвои нешто повеќе од 177 илјади фунти.

„Ѓаволите“ ќе гостуваат кај рускиот вицешампион во второто коло од елитното натпреварување, а тој меч на програмата е на 27. септември.

Освен Јунајтед и ЦСКА во оваа група се наоѓаат и Бенфика и Базел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Холандија ја пречекува Србија во Лигата на нации

Холандија ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција на врвот во групата А2 од Лигата на …