Дома Фудбал Лига на шампиони Ова го може само фудбалот: Нова лудница во Лигата на шампионите – заврши бајката на Ајакс! (ВИДЕО)

Ова го може само фудбалот: Нова лудница во Лигата на шампионите – заврши бајката на Ајакс! (ВИДЕО)

После победата од 0:1 во првиот натпревар, Ајакс вечерва го пречека Тотенхем на својот стадион во реванш натпревар од Лигата на шампионите. Гледавме фантастичен натпревар кој на крајот заврши со победа на Тотенхем од 2:3.

Натпреварот во Амстердам започна одлично за Ајакс, Матијас Де Лихт постигнува гол во петата минута и носи предност од 1:0. Половина час подоцна Ајакс преку Зијеш стигнува и до 2:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во тие моменти Ајакс изгледаше како сигурен финалист, но како што веќе не навикна оваа сезона во Лигата на шампионите следуваше чудо.

Тотенхем многу подобро го стартуваше второто полувреме. Таквата игра им се исплатеше во 55-тата минута кога Лукас Моура постигнува гол за 2:1, а само четири минути подоцна истиот играч изедначува на 2:2.

Гостите во тие моменти изгледаа многу подобро, Ајакс грчевито се бранеше и стравуваше за финалето. Тотенхем констатно напаѓаше, но и Ајакс знаеше да се закани на моменти.

Зијеш на десетина минути до крајот ја погоди стастивата, а Тотехем огромна шанса пропушти во 87-та минута.

Имаше и Ајакс одлични прилики во судиското продолжение, меѓутоа не ги искористија. Казната им стигна на болен начин во 95-тата минута и тоа со третиот гол на натпреварот на Лукас Моура за пресврт и финале на Тотенхем

Каков натпревар, каква година во Лигата на шампионите…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…